еМагазин
Image default
Македонија

„Договорот со Бугарија мора целосно да се спроведе“: Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот за напредокот на Македонија

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ги усвои извештаите за напредокот на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, информира европратеникот и известувач за земјава Илхан Ќучук.

Во изјава на Бугарското национално радио (БНР), Ќучук нагласи дека документите биле усвоени откако вчера бил постигнат компромис околу Извештајот за земјава.

Според Ќучук, во Извештајот за земјава била усогласена компромисна формулација дека: „добрососедските односи се важен дел од преговарачкиот процес, дека Договорот со Бугарија мора целосно да се спроведе и дека тој игра клучна улога во регионалната соработка“.

Европскиот парламент треба да се изјасни за извештаите за Северна Македонија и за Албанија на пленарната седница закажана за 25 март.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Столтенберг: Со нетрпение чекам Северна Македонија да стане членка на НАТО

Редакција

(Видео) Пендаровски: Заради ЕУ нема да затвораме очи и уши за окупацијата од профашистичката влада во Софија, депортацијата на Евреите или маскарот во Ваташа

Редакција

(Фото) Заев во Давос се сретна и со милијардерот Сорос

Редакција