еМагазин
Image default
Македонија

Докиќ: Здравствениот систем се менаџира добро, за сите има лекари и терапија по европски протоколи

Пулмологот и директор на ковид-центарот на Интерните клиники, Дејан Докиќ на денешната прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче изјави дека нашиот здравствен систем се менаџира добро во справувањето со Ковид-19.

Докиќ тврди дека имало доволен број на пулмолози и лекувањето не било хаотично, туку според најновите европски теркови. Набавени биле сите лекови и лекувањето било според протокол.

На интернетите клиники, истакна тој, смртноста на 1.200 лекувани лица е 25 отсто, што било во рамките на европскиот просек, кој е од 22 до 30 проценти.

Според него, статусот, кој се споделуваше на социјалните мрежи, во негово име, имало за цел да ја поткопа довербата во здравствениот систем и тоа го смета за кривично дело, поради што и пријавил во надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не може со точност да се тврди дали британскиот сој дава потешки компликации, вели Докиќ

„АстраЗенека“ е безбедна и сите вакцини штитат од мутираните соеви на Ковид-19, вели Докиќ

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали за приведување на Ирена Ристиќ

Редакција

Тројца кандидати на странска политичка партија за парламентарните изборите

Редакција

МВР работи на расчистување на случајот со палењето на бугарското знаме во Вевчани

Редакција