еМагазин
Image default
Македонија

МВР работи на расчистување на случајот со палењето на бугарското знаме во Вевчани

МВР работи на расчистување на случајот со палењето на знаметото на Република Бугарија во Вевчани, истакна на денешната прес-конференција во Штип портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

– Да, за жал имавме таков немил настан. Ние работиме на целосно расчистување на тој случај и очекуваме наскоро да биде расчистен, вели Ангеловски.

По палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани, Софија упати вербален демарш, за што информираше бугарската министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Таа посочи дека на амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов му е порачано да изрази пред Владата на Република Северна Макдонија нивното силно негодување за тој чин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Основното јавно обвинителство Струга ќе истражува за запаленото бугарско знаме на карневалот во Вевчани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработена во МВР барала пари на рака за издавање лични документи, украла 600 илјади денари

Редакција

И ветеринарите ќе се вакцинираат во Србија

Редакција

Ковачевски тврди дека во македонското Собрание имало пратеник од УДБА, ама не кажа кој е

Редакција