еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Даниловски објаснува што е „мозочната магла“, состојба која се појавува кај лица кои прележале Ковид-19

Професорот на Медицинскиот факултет доктор Драган Даниловски за „Слободен печат“ објаснува дека „мозочната магла“ што сѐ поголем број пациенти со прележан Ковид-19 пријавуваат дека ја чувствуваат, е невролошки симптом што може да трае и повеќе месеци по поминувањето на болеста.

“Симптомите на мозочна магла се проблеми со меморијата, недостиг на ментална јасност, слаба концентрација, чувство на отсутност, главоболки и конфузија.

Многубројни студии откриле дека некои луѓе што имале Ковид-19 развиваат компликации како што се изменета свест или енцефалопатија. Воспалението во мозокот ја попречува можноста на невроните да комуницираат едни со други.

Ова може да биде еден од факторите што придонесува за појава на мозочна магла“, објаснува Даниловски за „Слободен печат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема пациенти кои после прележувањето на Ковид-19 се во животозагрозувачка состојба, вели Филипче

Софијанова: Поради Ковид-19 дестина деца беа оперирани од слепо црево

Фото: МИА/Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина легендарната актерка Мира Фурлан

Редакција

Казни од од 1.500 до 2.000 евра: Воведена делумна забрана за движење во шума од 6 до 20 часот

Редакција

(Видео) Нов снег во Скопје

Редакција