еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Софијанова: Поради Ковид-19 дестина деца беа оперирани од слепо црево

Аспазија Софијанова, директор на Клиника за детски болести во Студио 10 на ТВ24 изјави дека поради Ковид-19 дестина деца биле оперирани од слепо црево.

„Децата се носители на вирусот, проблем е ако се сретнуваат со други, се движат повеќе, да не дојде до создавање на мутиран вирус. Треба да се размислува децата и адолесцентите да се вакцинираат.

Во моментов на Клиника за детски болести речиси воопшто нема дечиња, заразени со Ковид-19. Во регионот сме држава со смртност 0 кај децата, тоа е голем успех. Не треба комплетно да се опуштиме.

Кај децата небалансирано антителата предизвикуваа цитокинска бура. Она што сметам дека треба да сме среќни, нема пост-ковид последици кај децата. Комплетно различни слики покажува вирусот кај децата, за разлика од возрасните.

Анализите покажаа дека доста голем проблем имаше кај децата со гастроинтестиналниот тракт, кај десетина деца имаше операција на слепо црево, второ бубрезите, инфекции.

Ретко имаше по некоја срцева промена, краток период, траеше недела до две“, вели Софијанова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Јас лично не би ги вакцинирал децата против Ковид-19

Дали би ги вакцинирале вашите деца против Ковид-19?

Доктор Софијанова: И децата треба да се вакцинираат против Ковид-19

Фото: Канал 5

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска студено и ветровито, на Попова Шапка измерени -17 степени

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2020 година: Персоналот почна да се разболува од корона вирусот, со вашите теории на заговор ќе го убиете па лечете се сами, порача Каламарас

Редакција

Граѓаните донирале над 25,1 милиони денари, два камиони со храна, лекови и ќебиња тргнаа за Турција

Редакција