еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска студено и ветровито, на Попова Шапка измерени -17 степени

На Попова Шапка утрово се измерени -17 степени Целзиусови, во Берово -15, Крушево -14, Маврово -12, Битола и Тетово -11, во Скопје и Охрид -9, а -3 во Гевгелија.

На Шапка има и најмногу снег 49 сантиметри, во Маворово снежната покривка е 18 сантиметри, а во Крушево четири, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на ноќта времето беше претежно ведро и студено со слаб до умерен северен ветер. Утринава е студено со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен северен ветер.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7 степени.

Во ќе биде Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од вечер врнежи од снег и на пониските места, од следната седмица минусни температури

Редакција

Студен ветер, снег и поројни дождови: Од утре минусни температури

Редакција

Потресни видеа снимени неколку минути по трагичната несреќа на патот Скопје-Тетово

Редакција