еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Дали би ги вакцинирале вашите деца против Ковид-19?

Додека светот од различни причини се уште има сериозен проблем со вакцинирањето против Ковид-19 на постариот дел од населението, полека, но сигурно се отвара темата што со најмладите. Дали и децата ќе треба да се вакцинираат?

Во моментов земјите во кои тоа се прави се бројат на прсти, а меѓу нив се Израел, САД и Канада.

Неодамна Американската агенција за лекови ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца на возраст од 12 до 16 години, а деновиве истата ја одобри и Европската агенција за лекови (ЕМА) и оваа е првата вакцина за деца одобрена во Европската Унија.

Од ЕМА велат дека децата од 12 до 15 години треба да примат две дози, со временско растојание од најмалку три недели.

Секоја земја членка сама ќе одлучува дали ќе вакцинира и деца, а истата нема да биде задолжителна. Веќе има најави дека од следниот месец, деца ќе се вакцинираат доброволно и во Германија.

И други компании најавуваат и чекаат на одобрување на вакцини за деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Летово ќе се прави анализа дали против Ковид-19 во Македонија ќе се вакцинират и деца

Во текот на летово ќе се одлучува дали деца ќе се вакцинираат и во Македонија

Деновиве министерот за здравство Венко Филипче изјави дека во Македонија летово ќе се прави евалуацијата на сите препораки и ќе се одлучува дали ќе се вакцинираат и децата, а тоа нема да биде задолжително.

“Во нашите планови за пристигнување вакцини, може да ја покриеме со количини бројката на деца од 12 до 16 години. Ќе ја проектираме таа количина и ќе ја зачуваме за децата, но нормално таа нема да биде задолжителна“, рече Филипче.

Д-р Аспазија Софијанова, педијатар и директор на Клиниката за детски болести за телевизијата Алфа вели дека вакцинирањето и на децата против Ковид-19 е добар чекор, за да можеме што поскоро да се ослободиме од опасниот вирус, посочувајќи дека вакцината на „Фајзер“ е безбедна и за помладите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Софијанова: И децата треба да се вакцинираат против Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од златари во Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево одземени над 10 килограми злато поради незаконско работење 

Редакција

Истражување: Граѓаните со најголема доверба зa Армијата и претседателот, односот на ЕУ кон Македонија оценет како нефер, надмен и уценувачки

Редакција

Кои се најтргувани акции на Македонската берза во јуни

Редакција