еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Петличковски: Кај кинеските вакцини за максималниот ефект се потребни околу 6 недели по втората доза

Луѓето што примиле вакцина против Ковид-19 не треба да прават анализа на антитела, тоа не се прави по ниедна друга вакцина, вели за Факултети, проф. д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија и хумана генетика.

– Антителата се добар, но не се единствениот показател за постоење имунитет кон Ковид-19. Доколку некој има позитивен тест за антитела, тоа сигурно укажува на постоен имунитет, но немањето антитела не значи секогаш дека човек нема имунитет, вели Петличковски и објаснува дека периодот за создавање имунитет по примање на втората доза од вакцината против Ковид-19 е различен во зависност од тоа која вакцина е примена и колкаво е растојанието меѓу двете дози.

– Активацијата на имунолошкиот систем започнува со самото давање на вакцината и таа постепено расте во наредниот период. Најдобар одговор се очекува да биде постигнат неколку недели по давањето на втората доза на вакцината.

Кај модерните, РНК-вакцини, на „Фајзер“ и „Модерна“, како и кај вакцините базирани на аденовируси, како што се руската вакцина и на „АстраЗенека“, максималниот ефект се постигнува 2-3 недели по давањето на втората доза, кај кинеските вакцини за максималниот ефект се потребни околу 6 недели, вели Петличковски и посочува дека создавањето имунитет по вакцинација кај секој човек е различно во зависност од здравствената состојба.

– Генерално, кога човек е здрав, одморен, добро се храни, има функционален и ефикасен имунолошки систем. Доколку има некакви придружни состојби, болести, или можеби прима некаква имуносупресивна терапија, за очекување е дека одговорот на имунолошкиот систем на вакцината ќе биде послаб, вели за Факултети, Петличковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Ако се престане со вакцинирање со кинеските вакцини, а немате други ќе биде катастрофа

Д-р Петличковски: Да се размислува за трета доза од друга вакцина за лицата кои со „Синофарм“ нема да развијат антитела

Доктор Беќаровски: “Синофарм“ е идеална вакцина за тие што прележале Ковид-19, ама има две маани

Доктор Даниловски за СП: Тие што не развиле имунитет после две дози “Синофарм“, треба да се вакцинираат со “Фајзер“

Фото: МИА/Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починало едногодишно дете со Ковид-19, имало неколку хронични заболувања

Редакција

Доктор Лазаров: Тинејџери и деца со пневмонии, со брз развој, ова не го гледавме порано

Редакција

До крајот на неделата студено, од понеделник постепен раст на температурите

Редакција