еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Трета во историјата на Македонија: Во тек трансплантација на срце

Во тек е експлантација на срце, која ја прават колегите кардиохирурзи, информира на Фејсбук, министерот за здравство Венко Филипче.

“Во тек е експлантација на срце, која ја прават колегите кардиохирурзи, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р Никола Христов, откако претходно колегите од Клиниката за урологија д-р Сотир Ставридис, д-р Александар Трифуновски и д-р Виктор Станков ја завршија експлантацијата на бубрези, по што ќе следи трансплантација на органите кај пациенти.

Да се надеваме на успех и да им држиме среќа“, напиша Филипче.

Тој информираше дека утрово во 6:33 часот започнал процесот за третата трансплантација на срце во историјата на Македонија. На двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези.

“Доцна синоќа заедно со моите колеги, националната координаторка за трансплантација, доц. д-р Маја Мојсова Мијовска, тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева, ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот.

На тимовите лекари кои ќе ги вршат трансплантациите им посакувам многу успех. Да им држиме среќа“, напиша Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министри на Германија, Франција и Полска на средби со политичкиот врв, побараа уставни измени и реформи во владеење на правото

Редакција

Надлежните збунети: Две лица вработени во кумановската болница по втор пат позитивни на Ковид-19

Редакција

Во Охрид ќе се отвори втор бугарски културен центар „Цар Борис III“

Редакција