еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Казни од од 1.500 до 2.000 евра: Воведена делумна забрана за движење во шума од 6 до 20 часот

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по барање на ЈП „Национални шуми“ даде согласност за воведување делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште.

Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

Како што информира МЗШВ, делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, за временски период од 17.07.2023 година, во терминот од 06.00 до 20.00 часот.

-Делумната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат.

За непочитување на оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност, наведува Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Во Куманово често гледаме над 40% позитивни тестови на Ковид-19, пораст на бројките и во Гевгелија

Редакција

Сончево и топло време денеска со максимална температура до 25 степени

Редакција

Авионската линија Скопје-Крф е откажана од комерцијални, а не од полтички причини

Редакција