Иако, Ковид-19 се смета за болест која првенствено ги напаѓа белите дробови, може да оштети и многу други органи, вклучувајќи го срцето, бубрезите, црниот дроб, панкреасот, мозокот. Некои возрасни и деца, по прележувањето, доживуваат мултисистемски воспалителен синдром, вели во интервју за „Локално“, професор и епидемиолог, д-р. Драган Даниловски.
Шансата за појава на пост-ковид синдром, општо земено, доктор Данилоски вели дека е правопропорционална со тежината на прележаниот Ковид-19.
– Фактот што вакцините ја намалуваат веројатноста за појава на тешки симптоми, ако дојде до заразување, значи дека се намалува и веројатноста од пост-ковид синдромот.
Тие што прележале Ковид-19, во споредба со непрележаните, општо земено, имале 60 проценти поголема веројатност да добијат миокардитис (воспаление на срцевиот мускул), срцева слабост, аритмии, срцев удар, мозочен удар и тромбоза, потенцира Даниловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада