еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Демири: Kaj невакцинираните, омикронот знае да има тешка клиничка манифестација

Доктор Илир Демири од Инфективната клиника, кој е член на Комисијата за заразни болести, денеска изјави дека луѓето не треба воопшто да се опуштат дека омикрон варијантата е полесна.

– Омикрон варијантата е полесна во поголемиот дел од инфицираните, меѓутоа не заборавајте дека добар дел од тие кои лесно ја поминуваат се вакцинирани. Кај одредена популација која не е вакцинирана омикронот знае да има тешка клиничка манифестација.

Во моментот работиме со исполнети капацитети. Во координација сме и со други ковид центри. Бројот на пациенти кои имаат потреба за хоспитално лекување е значително зголемена.

До денеска немам евидентирано ниту еден пациент кој е починат од Ковид-19, кој е редовно вакциниран без коморбидитети, а сум сведок на многу пациенти без коморбидитети, невакцинирани кои починале, рече д-р Демири.

Тој апелираше до граѓаните дека единствената мерка која би не заштитила и за полесно да се помине Ковид-19 е вакцинацијата.

– Граѓаните треба да се вакцинираат, бидејќи моментално тоа е спас од Ковид-19, додаде д-р Демири, одговарајќи на новинарски прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Единствен начин да се намали бројот на реинфекции е вакцинацијата против Ковид-19, вклучително третата доза, препорачува Петличковски

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенција за лекови: Граѓаните да не користат антибиотици за третман и превенција од Ковид-19 на своја рака

Редакција

(Фото) Нашиот модел Мухамед Енуз настапи на шоу пред катедралата Дуомо во Милано, на 70-годишнината од светскиот бренд Монклер

Редакција

32% од заболените со Ковид-19 од август до декември биле вакцинирани, 98% од хоспитализираните виле невакцинирани

Редакција