еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Пановски: Бројот на заболени со Ковид-19 расте и ќе продолжи да расте

Доктор Никола Пановски за Локално вели дека состојба со Ковид-19 во Македонија ќе зависи од вакцинирањето против вирусот. Тој предупредува дека бројот на заболените ќе продолжи да расте.

– Требаше да бидат воведени нови здравствени мерки уште пред месец и половниа. Сега е доцна. Бројот на заболени расте и ќе продолжи да расте. Но, нема да биде страшно, бидејќи голем број од населението веќе го прележаа коронавирусот, а дел пак, се вакцинирани. Поради тоа не очекувам многу голем број на граѓани со тешки клинички слики, вели Пановски за Локално.

Според него доколу властите навреме преземаа мерки оваа слика што сега ја имаме можеше да се одложи за подоцна.

-Не требаше да биде дозволено организирање на свадби. Ги пуштија луѓето и на одмори во Грција, кога кај нас имаше само 4. болни од короноавирусот, а таму 4.000. Грците бараа ковид тест, а нашите не.

Со други зборови кај нас се е подготвено вирусот да се шири се повеќе и повеќе. Сега и да се донесат здравствени мерки, веќе е доцна. Сепак нема да биде полошо, отколку што беше, вели Пановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професор Трајковски: Веќе сме во нов бран на Ковид-19, пикот би бил околу 10 септември

Драстично зголемување: 164 нови случаи на Ковид-19 од 5.276 тестирања, најмногу во Тетово

На повидок нов бран на Ковид-19, невакцинираните и тие што не го прележале вирусот на „удар“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преку 50.000 луѓе направија #ПаузаЗаПреглед – направи и ти!

Редакција

Акутното бубрежно затајување е значаен фактор во морбидитетот и морталитетот на критично болните педијатриски пациенти

Редакција

Нико Беќаровски: Многу внимателно со кислородните боци во домашни услови, високите дози може дополнително да ги уништат белите дробови

Редакција