еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Преку 50.000 луѓе направија #ПаузаЗаПреглед – направи и ти!

Живееме во динамично време, но модерната технологија денес ги поврзува луѓето на многу едноставен начин, менувајќи ги во целост нивните навики и потреби. Технологијата ни го олеснува животот, и иако растргнати во секојдневието, таа ни овозможува соодветно да се информираме и едуцираме.

Микросајот www.pauzazapregled.mk  којшто беше пуштен во функција на почетокот од октомври, со цел да се подигне свесноста за борба против ракот на дојка и преку кој посетителите можат да ги научат основните чекори за самопреглед, е потврда дека модерната технологија навистина може да се користи за општо добро. Од почетокот на месецов, до денеска, преку 50.000 луѓе пристапија до сајтот и направија самопреглед на гради.

Микросајтот www.pauzazapregled.mk настана благодарение на кампањата на AVON – #ПаузаЗаПреглед, во која Македонски Телеком се приклучи како технолошки партнер. Она што двете компании го направија во месецот на борба против ракот на дојка е позитивен пример за општествена одговорност и претставува одличен начин како  јавноста да се информира за една од најчестите тешки болести во светот.

Многу често, луѓето се во заблуда кои се причините и зошто рапидно се зголемува бројката на заболени од рак на дојка, а митовите за оваа болест даваат погрешна слика и најчесто прават дополнителна штета. Затоа, исклучително важно е да се подигне свеста и да се дознаат вистинските факти за оваа тешка болест од која дневно во Македонија заболуваат по три нови жени.

Месецот октомври е посветен на борбата против ракот на дојка, но тоа не значи дека самопрегледите, лекарските прегледи и грижата за здравјето треба да престанат тука. Микросајтот www.pauzazapregled.mk сѐ уште е во употреба, ќе продолжи да функционира и по октомври, а до него можете да пристапите само преку мобилен телефон. Искористете ја технологијата за добро и заштитете го вашето здравје.

Приклучете се на кампањата #ПаузаЗаПреглед и најдете време за самопреглед преку три лесни чекори. Време е да одвоите време за најважната личност во вашиот живот – време е да одвоите време за вас!

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тринаесет ново заболени од морбили, дете и возрасен во тешка состојба

Редакција

822 лица во Македонија по вторпат заболеле од Ковид-19, седум починале

Редакција

Ќе се зголеми достапноста на лекот „Ocrevus“ за забавувaње на развојот на мултипла склероза

Редакција