еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Пановски советува: Хронично болните и невакцинираните да не одат на свадби и веселби на затворено, голем е ризикот да заболат

Само вакцинирани граѓани и оние кои го прележале ковид вирусот можат да одат на свадби и семејни веселби, oстанатите да ги почитуваат ковид мерките, препорачува микробиологот Никола Пановски.

„Нашите иселеници од земјите во кои нагло се шири делта вирусот, слободно влегуваат во државата. Има свадби и слави и на отворено и на затворено, а токму тоа му треба на вирусот.

Препорачувам што повеќе луѓе да се вакцинираат и да ги почитуват мерките во затворено. Ако се невакцинирани и одат на свадба и таму има луѓе од земјите каде се шири делта сојот тоа значи дека се под висок ризик дека ќе се заболат,“ изјави Пановски за lokalno.mk.

Според Пановски повозрасните и сите оние кои имаат хронични болести, да им се извинат на славениците и да си останат дома, во спротивно тие ризикуваат да заболат од вирусот.

Во последните неколку дена, има зголемен број на ковид-случаи во Тетово, а причината е свадба и семејна веселба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројката на заболени од Ковид-19 се зголемува: 21 нови случаи од 3.227 тестирања

Свадба и семејна прослава причината за зголемениот број на заболени од Ковид-19 во Тетово, граѓаните ги криеле контактите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Вучиќ утре во Скопје на инаугурцијата на Пендаровски

Редакција

Во октомври годишен раст на депозитите од 11, а 9,2% на кредитите

Редакција

(Фото) Мицкоски по дневните активности, на вечерна забава на „Виноскоп“

Редакција