еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Здравковиќ: Околу 40 отсто од пациентите имаат „продолжен“ ковид, кај вакцинираните нема тешки форми

Очигледно е дека непридржувањето до мерките и слабиот одѕив на реакцијата донесоа лоши последици поради кои сега страдаат сите, вели Д-р Марија Здравковиќ, директор на Клиничко-болнички центар (КБЦ) „Бежанијска коса“ во Белград за српската државна телевизија РТС.

Таа вели дека ниту еден од вакцинираните што се разболел од Ковид-19 немал потешка форма на болеста.

Здравковиќ за РТС појаснува дека бројот на пациенти со ковид расте и дека во КБЦ „Бежанијска коса“ амбулантите се преполни и капацитетите на болницата се целосно зафатени.

„Нашата Онкологија лечи огромен број пациенти. Голем е приливот на пациенти со различни акутни компликации, со влошување на хроничните заболувања што се нон-ковид и, морам да кажам, еден голем број пациенти што имаат тегоби поради прележаниот ковид, коишто не се вакцинирале, а ниту еден пациент што дошол поради компликации од вакцинацијата“, вели др. Здравковиќ.

Таа објаснува и дека меѓу 30 и 40 отсто од пациентите што се заразиле имаат некоја форма на продолжен ковид, а дека секој десетти пациенти има кардиоваскуларни компликации коишто може да бидат многу сериозни, а понекогаш може да го загрозат животот.

За вакцинираните што се заразиле, вели оти ниту еден немал потешка форма на ковид.

„Сите минаа со полесна форма на ковид. Меѓутоа, самиот ковид кај пациенти што имале други тешки заболувања доведува не само до респираторни симптоми, туку и до влошување на тие заболувања, па неретко пациенти што се вакцинирани а ќе добијат ковид и имаат тешки хронични болести биваат лекувани поради влошување на тие хронични болести.

Се разбира, мора да се лечат во ковид-болница, за да не ги заразат нон-ковид пациентите“, вели Здравковиќ.

Мета/Фото: unsplash.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска студено со слаб локален снег и северен ветер

Редакција

Во сабота снег и во пониските места: Следува период на постудено време

Редакција

„Junk free, guilt free” – нова едукативна кампања на „Виталиа“ за здрава исхрана без грижа на совест

Редакција