еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Докторот Марјан Шокаровски е нов директор на државната Кардиохирургија

Д-р Марјан Шокаровски е назначен за нов директор на Универзитетската клиника за државна Кардиохирургија, а за нов организациски директор е назначен Исак Јакупи, соопшти Министерството за здравство.

Во известувањето Министерството наведува дека д-р Шокаровски е дел од тимот на клиниката од нејзиното основање. Тој е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар – Загреб, има повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицинскиот факултет-Скопје.

-Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап.

Исто така, се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси, информира Министерството за здравство.

Назначувањето на Шокаровски следува по разрешувањето на досегашниот директор на оваа клиника, д-р Сашко Јовев, по одлука на министерот за здравство Фатмир Меџити. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сигурен сум дека министерот ќе ја поправи грешката, моето место е на Кардиохирургија, вели Јовев

Откако го разреши, министерот Меџити го повика Јовев да му биде советник

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Матичните лекари добија протокол за лекување со „ивермектин“: Апел до граѓаните да не го пијат на своја рака

Редакција

Заев го промени мобилниот уред и бројот: Премиерот и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста

Редакција

Документот од исказот на Камчев за „Рекет“ не протекол од Кривичниот суд

Редакција