еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поднесено Обвинение за лицето кое ја нападна новинарската екипа на ТВ 24

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот 67-годишник, на 14 ноември, со грубо навредување и со грубо насилство ја загрозил сигурноста на телевизиска екипа која снимала прилог во близина на неговиот дом, информираат денеска од Јавното обвинителство.

Оттаму посочуваат дека обвинетиот најпрвин вербално, а потоа и физички го нападнал снимателот, удирајќи го со десниот лакт кон левата долна вилица и нанесувајќи му телесна повреда  – набиеница.

Кај присутните сведоци на настанот – новинар и возач на телевизиската екипа, обвинетиот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Со обвинителниот предлог, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на мерката куќен притвор за обвинетиот, бидејќи се уште постојат основите поради кои таа првично му беше определена.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот му го продолжи куќниот притвор на лицето кое ја нападна екипата на ТВ 24

(Видео) Снимател на ТВ 24 физички нападнат од сопственикот на куќата, која е пријавена за престојувалиште на Онишченко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првпат Џафери седницата во парламентот ја води на албански јазик: Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ реагираше

Редакција

Убава вест: Оздравени 339 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Топ тема во Грција: Три деца пријавиле сексуална злоупотреба во детска добротворна организација, која ја води свештеник

Редакција