еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Годинава ќе повлечеме 110 милиони: ММФ и одобри на Македонија пристап до 530 милиони евра

Канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд во Скопје соопшти дека Извршниот одбор на ММФ го одобрил двегодишниот аранжман за Македонија според Линијата за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ) во износ од околу 530 милиони евра.

Одобрувањето на аранжманот, како што стои во соопштението, овозможува итна исплата на околу 110 милиони евра, што ќе биде проследено со уште една исплата од околу 155 милиони евра по завршување на првиот преглед планиран во мај 2023 година.

– С Македонија се квалификува за PLL врз основа на нејзините здрави економски основи, силните рамки на институционалните политики, евиденцијата на добрите економски перформанси и имплементацијата на политиките и посветеноста да се одржуваат таквите политики во иднина, се наведува во соопштението.

Аранжманот ќе ги поддржи владините политики за справување со економските последици од пандемијата Ковид-19 и руската инвазија над Украина.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата му го продолжи мандатот на Бучковски за специјален преставник на Македонија за Бугарија

Редакција

Земјотресот во Турција би можел да биде најсилен во историјата на земјата, оценуваат сеизмолозите

Редакција

„Скопски пазар“ ја зголеми добивката во првите три месеци од годинава

Редакција