еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судот му го продолжи куќниот притвор на лицето кое ја нападна екипата на ТВ 24

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје за продолжување на мерката куќен притвор за М.П., за кој постoи основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство“, а поврзано со вербалниот и физички напад на новинарската екипа на ТВ 24, советот го прифати предлогот и ја продолжи мерката куќен притвор за 30 дена.

-Воедно ја известуваме јавноста дека по поднесениот обвинителен предлог против осомничениот за наведениот настан, формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 2489/22 кој согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување, а откако ќе биде насрочена главната расправа, странките и јавноста ќе бидат известени, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поднесено Обвинение за лицето кое ја нападна новинарската екипа на ТВ 24

(Видео) Снимател на ТВ 24 физички нападнат од сопственикот на куќата, која е пријавена за престојувалиште на Онишченко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Дебар еден починат од Ковид-19, над 86% од хоспитализираните на кислород  

Редакција

Муареми: Доколку Русковска располага со сознанија и информации нека поднесе обвинител акт

Редакција

„Да ставиме и македонско знаме? Ма не мора само Вие гласајте„ : Твитер се „вжешти“ за посетата на Пендаровски на Мала Речица

Редакција