еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Дебар еден починат од Ковид-19, над 86% од хоспитализираните на кислород  

Во Општата болница со проширена дејност во Дебар, почина повозрасен пациент, кој десеттина дена бил хоспитализран, што е деветта жртва од опасниот вирус овој месец.

Директорот на оваа установа, Баки Алили, за МИА потврди дека бројот на хоспитализирани е 29 пациенти, при што над 86 отсто се на кислородна подршка.

-Во ковид центарот во инфективното одделение хоспитализирани се 18 пациенти, сите на кислородна подршка. Во хирушкото одделение, кое од пред неколку дена, поради потребата од хоспитализации е пренаменето за ковид пациенти, болнички се третираат 11, од нив седум се на кислородна подршка. Од вкупната бројка 20 отсто се помлади од 45 години, изјави Алили.

Додава дека дневно амбулански се лекуваат 20 лица, кои по добиената терапија, малку одмораат и заминуваат во своите домови.

Според официјалната статистика вкупната бројка на заразени, во оваа и општина Центар Жупа, од почетокот на пандемијата е 1.210, од кои овој месец 247, а моментно активни на болеста се 201 лице.

Директорот Алили, исто така рече дека процесот на вакцинација продолжува непречено и оти денеска аплицирани се над 300 вакцини, главно Фајзер, за која се определува помладата популација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу во Тетово и Гостивар: Околу 700 хоспитализирани поради компликации од Ковид-19

Eден починат од Ковид-19 во Тетово, 119 хоспитализирани се на кислородна поддршка, четворица од нив вакцинирани

Од Ковид-19 во Гостивар починаа две лица, 68 пациенти на кислородна подршка

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

11 лица од новозаразените со корона вирусот неодамна патувале надвор од земјата

Редакција

Следува период на сончево време со повисоки температури, од недела повторно заладување

Редакција

Поради бактериска инфекција Мадона заврши на интензивна нега и ја одложи турнејата

Редакција