еМагазин
Image default
Македонија

Ковид болни и меѓу медицинскиот персонал во Клиничка болница Тетово

Како во претходните бранови на голем број заразени со Ковид-19, и сега има медицински лица од тетовската клиничка болница кои се болни поради коронавирусот. За среќа нема ниту еден на болничко лекување.

„Имаме и сега некои луѓе од медицинскиот персонал заболени од Ковид-19. Имаме со лесна симптоматологија и некои се дома во изолација. Тоа не влијае на работниот процес на клиниката.

Тие се со лесна клиничка слика и едвај чекаат да се вратат на работа, но мора да поминат 10 дена во изолација,“ изјави Гзим Нуредини, координатор во ковид-центарот на тетовската клиничка болница.

Тој потенцира дека вакцинацијата и придржувањето на мерките се единствениот начин Тетово да ја помине епидемијата.

„Ова е како да била некоја битка и сега сме после битка. Ние ги собираме последиците. Тоа не значи дека ако тераме по старо ќе имаме помали битки или уште хоспитализирани.

Така што, ако тоа сме го направиле сега сме свесни и мора да се дисциплинираме – маска, дезинфекција на раце, дистанца и почутвање на останатите мерки,“ објаснува Нуредини.

Тој апелира на поголема внимателност затоа што коронавирусот, пред се кај младите, минува без симптоми, а притоа може да се заразат други луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Ковид-19 во Гостивар починаа две лица, 68 пациенти на кислородна подршка

Eден починат од Ковид-19 во Тетово, 119 хоспитализирани се на кислородна поддршка, четворица од нив вакцинирани

Најмногу во Тетово и Гостивар: Околу 700 хоспитализирани поради компликации од Ковид-19

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Таргет-Тврдина“: Мијалков го испрашуваше свиркачот Костовски за „бомбите“

Редакција

Македонија мора да го промени Уставот и во него да ги додаде Бугарите, порачува бугарскиот претседател Радев

Редакција

Академија за протокол: Погрешното знаме е еден од пострашните протоколарни гафови на нашите служби

Редакција