еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Следува период на сончево време со повисоки температури, од недела повторно заладување

Од утре попладне до сабота ќе преовладува сончево време со повисоки дневни температури.

Од недела облачноста ќе се зголеми, а локални врнежи од дожд се очекуваат во понеделник попладне и во вторник, кога ќе има и заладување, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска е променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно
во западните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Поварадрието на места засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три лица од Албанија илегално влегле во Македонија и се шетале за време на полициски час

Редакција

Европска комисија: Унгарија сѐ уште не потврдила дека одобрила азил за Груевски

Редакција

Секогаш зависи од која перспектива гледате: Ковачевски за песимизмот на Црвенковски за ЕУ

Редакција