еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Топ тема во Грција: Три деца пријавиле сексуална злоупотреба во детска добротворна организација, која ја води свештеник

Периодов топ тема во соседна Грција се пријавите за сексуална злоупотреба во детската добротворна организација “Ark of the world”, на отец Антонио, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Како што пренесуваат тамошните медиуми засега има пријави за три наводни случаи на сексуална злоупотреба на малолетници, кои биле згрижени од организацијата.

Последната пријава за сексуална злоупотреба од пред неколку дена е од 15-годишно дете, кое живее во еден од објектите на организацијата во Волос, кое пред полициското одделение за заштита на малолетници сведочело дека било жртва на сексуален напад од висок припадник на организацијата.

Првото момче што го пријавил злоставувањето е 19-годишник кој престојувал во установите на организацијата, а наводно било жртва на сексуална експлоатација во 2021 година. И тој пред неколку дена даде изјава во полицијата за сексуалната злоупотреба на која бил подложен од истото лице.

Втората изјава во полицијата во Атика ја даде момче кое живее во еден од објектите на организацијата на островот Хиос. Тој бил сведок на сексуална злоупотреба на малолетник од истото лице што го пријавил 19-годишникот.

Истрагата за организацијата, како што пренесуваат грчките медиуми се движи во две насоки: првата се однесува на наводите за систематско физичко и ментално злоставување, вклучително и тепање и затворање деца во нивните соби со денови, а втората се фокусира на наводите за силување и сексуална злоупотреба, кои се појавија откако Народниот правобранител ги сподели своите наоди со Јавното обвинителство, со препорака за понатамошна истрага.

Од организацијата пак велаат дека немаат сознанија за наводите за сексуална злоупотреба на деца, но дека ќе помогнат во истрагата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени 12.365 акции од „Киро Дандаро“ за 10,6 милиони денари

Редакција

Македонските оператори принудени на прекин на телевизиските програми

Редакција

Потврдени 41 нови случаи на заболени со корона вирусот, вкупниот број 1.300

Редакција