еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДОМ ќе ја напушти Владата ако се прифати „францускиот предлог“

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) објави дека ќе ја напушти Владата ако се прифати францускиот предлог. Ваквата одлука, како што информираа вечерва од партијата, била разгледана на денешниот состанок на Извршниот одбор во проширен состав.

– Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и Владата треба да го отфрли. Отворените прашања со Бугарија треба билатерално да се решаваат во добра волја, взаемна почит и согласно европските вредности.

ДОМ останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара. Доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство, се вели во соопштението од ДОМ.

Од ДОМ сметаат дека овој предлог ќе го претвори пристапниот процес за членство на земјава во ЕУ во бескрајна агонија и го доведува во неизвесност и самото започнување на преговорите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерот на ЛДП, Милевски најави дека ќе излезе од владината коалиција ако биде прифатен “францускиот предлог“

И Демократскиот сојуз најави дека ќе излезе од Владата доколку биде прифатен францускиот предлог

Цар Самоил станува „бугарски“: БГНЕС го објави целиот нацрт-текст на францускиот предлог

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нападите кон новинарите се зголемија, медиумите се финансиски неодржливи, се вели во извештајот на ЕК

Редакција

Врховниот суд на САД го укина уставното право на абортус

Редакција

Тројца починати од Ковид-19 во едно деноноќие во Делчево, помеѓу нив и културниот работник Слободан Цобе Илиоски

Редакција