еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Донација од 100.000 денари за семејството на Јасмина Василковска, чии што донирани органи спасија три човечки животи

На денешната 65. седница на Советот на Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ и советниците едногласно ја усвоија Одлуката за доделување финансиски средства за семејството на Јасмина Василковска, чии што органи беа донирани по нејзината смрт и спасија три човечки животи, информираат од Општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јасмина, жената донор на срце и бубрези била мајка на 10 месечно бебе

– Како Општина Центар ова е најмалку што можеме да направиме и да се заблагодариме на семејството Василковски за најхуманото сторено дело, за човечноста и за големината да се биде човек.

Јасмина Василковска беше наша сограѓанка и жителка на Општина Центар и затоа во нејзина чест ќе обезбедиме 100.000 денари од Буџетот на Општина Центар, а средствата ќе ги донираме на нејзиното семејство, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Фото: Општина Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТРИ донира 1.000 книги на македонските библиотеки по повод 1.000-то самостојно издание

Редакција

Голема првоаприлска забава со „Светот на Биби“ во Веро центар

Редакција

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗНМ и Лекарска комора

Редакција