еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Донација од 30.000 евра за санација на последиците од невремето во Словенија

Повеќе од 30.000 евра донации за неодамнешните поројни дождови и невремиња беа собрани во акцијата на Друштвото на словенечки и македонски стопанственици, информираат од таму.

Голем дел од членството, но и други деловни субјекти и индивидуалци, донираа пари и ја покажаа својата хуманост кон граѓаните кои изгубија домови и кон Словенија која ја доживеа најголемата природна катастрофа во својата понова историја и се соочува со сериозно оштетена инфраструктура и домаќинства.

Парите веќе се исплатени кон неколку хуманитарни организации во Словенија кои се справуваат со последиците од поплавите.

„Како Друштво го покажавме нашето заедништво и хуманост при давањето поддршка кон нашите пријатели од Словенија. Ние сме хумана нација и секогаш излегуваме во пресрет. Секако, поддршката ќе продолжи и понатаму низ разни други форми“, објаснува Војдан Јорданов, претседател на Друштвото на словенечки и македонски стопанственици.

Тој е задоволен од одзивот и хуманитарноста на деловната заедница во Македонија која се вклучи во оваа акција.

„Воедно им изразуваме благодарност на сите хумани компании, организации и граѓани кои се вклучија во акцијата, како и на Словенечката амбасада за поддршката“, додава Јорданов.

Во минатото нашите две земји меѓусебно се помагале и поддржувале. Сите се сеќаваме на неодамнешните пожари кои беснееа кај нас, а во чие гаснење се вклучија бројни доброволци од Словенија. Нашето пријателство ќе се развива и понатаму, а со надеж тоа што помалку да биде во пресрет на вакви немили настани, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува проектот на ЕВН Македонија за дуално образование „20-20-20“

Редакција

30 години ЦЕНТРО УНИОН: Мотивација за успешност, единствен македонски бренд во полето на белата техника и малите апарати

Редакција

Нов салон на Sony Galery со ексклузивни новитети

Редакција