еМагазин
Македонија

Досега 15 независни кандидати за градоначалници ги собрале потребните потписи

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 17. седница соопшти дека досега 15 независни кандидати за градоначалници ги собрале потребните потписи за учество на локалните избори, а потписи собрале и 30 независни советнички листи во различни општини во подрачните единици на ДИК.

До 30 август трае собирањето потписи за независните кандидати за градоначалници и советнички листи, а вработените во подрачните единици, утре и в недела ќе работат еден час подоцна, додека на 30 август, ќе работат до 24 часот, беше соопштено на седницата.

Во тек е собирањето потписи на уште независни кандидати за градоначалници што не се завршени, како и на советнички листи.

ДИК на денешната седница исто така соопшти дека заклучно со вчерашниот ден, вкупно 5.164 лица се провериле во Избирачкиот список. Од нив поднесени се вкупно 11 барања за запишување во избирачкиот список, 12 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и четири барања за измена на податоците во Избирачкиот список.

До ДИК на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 17 барања.

Постапката за јавен увид во Избирачкиот список за локалните избори закажани за 17 октомври ќе трае до 9 септември.

Јавен увид граѓаните можат да направат во подрачните единици и канцеларии на ДИК, како и електронски преку веб страната на Комисијата.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На возраст од 30 до 59 години, повеќето мажи: Детали за новозаразените со коронавирусот во Македонија

Редакција

Поранешниот министер Димовски си замина, останатите тројца осомничени се уште се во Кривичниот суд

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Редакција