еМагазин
Image default
Македонија

Досега ревакцинирани 54.600 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 227.963 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 3.278 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.104 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 54.600 граѓани.

Со последните бројки 46 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 40 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Вакцинацијата, посочуваат, се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација, велат, секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 425.422 граѓани.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

– Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат, наведуваат од МЗ.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час го прекршиле 24 лица, изречени 470 казни за неносење маска

Редакција

22 лица починаа од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во последното деноноќие

Редакција