еМагазин
Image default
Македонија

Кај мал дел имало реакции: Досега вакцинирани 1.040 здравствени работници

Досега 1.040 здравствени работници ја примиле вакцината против Ковид-19. Кај мал број од нив се пројавени реакции по вакцината како болки на местото каде таа е аплицирана и благо зголемена телесна температура, информираа за МИА од Министерството за здравство.

– Сите вакцини се безбедни и развиени на сигурни платформи. Преку веб-страницата vakcinacija.mk реализирани се 63.075 пријави од граѓаните со искажување на интерес за вакцинација, посочија од Министерството за здравство.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје, а се врши со 4.680 од предвидените 8.000 дози вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.

До крајот на неделава се очекуваат и 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“.

Државата ќе порача дополнителни 100.000 вакцини „Спутник“, со што би се надополнил севкупниот план за вакцинација. Оваа недела се очекуваат и првите информации за вакцините од Европската Унија, од директниот договор со „Фајзер“ и од Ковакс механизмот.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Во 12 градови веќе нема заболени од корона вирусот

Редакција

Германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ за спорот на Македонија со Бугарија: „Вие не сте она што мислите дека сте„

Редакција

Апасиев и Таравари потврдија дека има ново парламентарно мнозинство

Редакција