еМагазин
Image default
Македонија

Досега вакцинирани 18.261 граѓанин, имунизацијата продолжува со приоритетните групи

Вакцинацијата на сите пунктови во државата и во А1 Арената – СЦ „Борис Трајковски“ се одвива одлично. Досега се вакцинирани 18.261 граѓанин, соопшти на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче, кој денеска бил информиран на состанок со членовите на Националното координативно тело за имунизација против Ковид-19.

Следната недела ќе се вакцинираат вработени во Обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници.

Во вакциналните пунктови во здравствените установи тече вакцинацијата на возрасни граѓани над 76 години, а во спортската сала се вакцинираат здравствени работници и припадници на т.н. критична инфраструктура.

“Освен возрасни граѓани, здравствени работници, вакцинирани се најкритичните групи на припадници на МВР, АРМ, наставнички од прво до трето одделение, воспитувачки и негувателки во градники, возачи на ЈСП, следната недела ќе се вакцинираат вработени во Обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници“, напиша Филипче.

Додава дека при приоритизација на групите за вакцинација е земено предвид епидемиолошката состојба во земјава и широката распространетост на вирусот.

„Таргетирани се приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура“, наведува министерот во објавата на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР му врачи отказ на советник на ексминистерот Чулев поради насилно однесување

Редакција

Ќе се утврдува одговорноста на полицајците кои не постапувале за време на полицискиот час во Чаир

Редакција

Кривичен ја одби жалбата на Камчев за притворот

Редакција