еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска дождливо време, на планините зголемување на снежната покривка

Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени, информираат од Управата за хидрометеролошки работи.

Од Управата велат дека врнежите пообилни ќе бидат во утринските и претпладневните часови во источните делови каде локално ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер.

Поради заладувањето на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските и претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.

До средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет, пообилни во понеделник.

Снежната покривка, особено во западните делови ќе се зголемува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Се ожени генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски

Редакција

„Одложување на обврските сигнал за психички проблем“- тема на утрешниот разговор за менталното здравје во организација на „Ротари Клуб Скопје Интернационал“

Редакција

(Галерија) „Magnetista” неодолив мирис од Орифлеим за кој е научно докажано дека ја прави жената попривлечна

Редакција