Генералниот секретар Драги Рашковски поднесе оставка пред месец и пол, тој ја извршува функцијата додека не дојде нов, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
„Правиме консултации сè уште, лично јас како претседател на Владата, кој сум овластен предлагач и ќе има нов генерален секретар. Немам донесено одлука, штом ќе ја донесеме, ќе соопштиме“, рече Заев.
Генерален секретар во Владата требаше да биде Дамјан Манчевски, кој неодамна се повлече од политиката и оваа информација ја потврди за „еМагазин“.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.