еМагазин
Image default
Македонија

Пет новозаболени во тетовско, бројот на активни случаи со Ковид-19 намален споредено со пред еден месец

Тетовскиот регион денес бележи пет нови случаи на заболени од Ковид-19 во шестте тетовски општини.

-Од вкупно пет нови случаи на заволени поради корона вирусот, четири се кај жители во рамки на општина Тетово и еден случај на заболен во општина Теарце, информираше Зорица Зафироска, специјалист по епидемиологија при Центарот за јавно здравје.

Денеска за прв пат овој месец состанок одржа Кризниот штаб на општина Тетово. Според нивната евиденција до денес во Тетово и околните општини, вкупниот број на дијагностицирани со Ковид-19 е 954.

Од овој број досега излекувани се вкупно 557 лица, а 67 починале, со што бројот на активни случаи во Тетово и петте околни општини е 330. Иако имавме континуирано зголемување на бројот на заразени, во однос на пред еден месец бројот на активни случаи на Ковид-19 во општина Тетово и петте околни општини е намален и тоа од 390 бројка од 22.06.2020 на 330 случаи активни до денеска, се наведува во соооштението на Кризниот штаб.

МИА/Фото: Општина Тетово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И министерот за образование Арбер Адеми позитивен на Ковид-19

Вкупно импортирани 180 случаи на Ковид-19, последниот е пред неколку дена

Вкупно 640 здравствени работници се заразиле со Ковид-19, оздравеле 426

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Собранието заврши расправата за избор на новата влада, седницата продолжува утре напладне

Редакција

Разрешен директорот на ЦЈЗ Скопје, Арбен Зибери

Редакција

Зголемен бројот на позитивни на Ковид-19 во градинките

Редакција