еМагазин
Image default
Бизнис

„Дрекселмаер“ од домашни добавувачи годинава набавил стока за рекордни 12 милиони евра

Менаџментот на компанијата ДММ Дрекселмаер Мануфактуринг предводен од директорот Лукас Мурингер на средба со министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима Зоран Шапуриќ изразил задоволство од соработката со Владата на Република Македонија и најавил нови инвестиции во државата.

Како што соопштија од кабинетот на Шапуриќ, овој странски инвеститор во 2018  година остварил раст и го зголемил своето производството за околу 13 проценти.

Набавките на Дрекселмаер од македонските компании, се посочува, оваа година ќе достигнат рекордни 12 милиони евра и планираат во иднина да ги зголемат за што ќе го развиваат и надградуваат веќе востановениот едукативен и тренинг центар.

Компанијата која во моментов вработува 6.000 работници со новите инвестиции ќе вработи уште околу 800 работници.

Фото: Фејсбук/Шапуриќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет највисоки плати во Македонија

Редакција

Граѓаните и фирмите „чуваат“ над милијарда евра во НЛБ Банка

Редакција

Илијевски: Владата дупло сака да ги зголеми давачките за игри на среќа и да не уништи како индустрија

Редакција