еМагазин
Image default
Македонија

По таа за Димитров, Мицкоски најави интерпелација и за министерот Спасовски

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил најави интерпелација за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Пред неколку дена ВМРО ДПМНЕ поднесе интепелација и за министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

„Нерасчистени убиства! Криминал во подем, држава со најголем раст на индексот за перцепцијата за корупција, сомнителни тендери во МВР!

Тепање на сопствениот народ и политички прогон. Криминалот на луѓето од власта останува нечепнат, криминалци се пуштаат на слобода додека патриоти се затвораат. Незаконски претреси по домовите на луѓе кои протестираат.

Црниот Вотергејт на Заев со кој се прислушкувало обвинителството и судството, за да се клекне на колена и уценува, е црно петно за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

И поради сето ова, и многу повеќе работи кои ќе бидат образложени во Собранието ќе поднесеме интерпелација за работата на Спасовски. Оставка поради неговото црно владеење со министерството, прогонот, неказнетиот криминал и растечката корупција!„, напиша Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот Димитров

Фото: ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 81: Четири новопочинати од коронавирусот, дури тројца од Прилеп

Редакција

Кои се причините: Сашо Мијалков и Никола Тодоров пред исклучување од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Нови 403 случаи на Ковид-19 од 2.118 тестирања

Редакција