Државниот завод за ревизија денеска го објави конечниот ревизорски извештај за политичката партија ДУИ за сметката за редовно работење за 2019 година.
Ревизорскиот извештај на политичката партија ДУИ констатира неколку состојби. Во годишниот извештај на донации за 2019 година, ДУИ пријавила донација од физичко лице во износ од 2.046.000 денари која се однесува на добиено моторно возило како дар во минати години.
Проценетата вредност на возилото го надминува законски дозволениот износ на донација во износ од 1.318.000 денари, што не е во согласност со членот 16 од Законот за финансирање на политичките партии.
Регистарот на донации за 2019 година не е изработен на образец пропишан со Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на донации донесен од страна на министерот за финансии, што не е во согласност со член 17 од Законот за финансирање на политичките партии.
Наведените состојби, стои во извештајот, влијаат врз лимитот на средствата кои политичката партија ги обезбедува како извор на финансирање по основ на донации, како и врз информациите кои ги дава Регистарот на донации.
Како препорака се наведува одговорното лице на партијата да преземе мерки и активности за почитување на законски дозволените износи за днации предвидени со Законот за финансирање на политичките партии и изготвување на регистарот на донации на законски пропишан образец.
„Со анализата на вкупните приходи по видови на извори на финансирање, констатиравме дека учеството на јавното финансирање од Буџетот на РСМ на редовното работење на ДУИ бележи тренд на зголемување и тоа од 51,12 проценти во 2015 година до 83,58 отсто во 2019 година, наспроти тренд на опаѓање на учеството на приватните извори на финансирање во вкупните приходи на партијата.
Наведената состојба може да има влијание врз структурата на расходите на партијата во наредн период, имајќи ја предвид измената на член 83-а став 2 алинеја 1 од Изборниот законик, каде извор на финансирање на изборната кампања, меѓу другите извори се и средствата од редовната сметка на политичката партија“, се вели во извештајот.
МИА/Фото:ДУИ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Државните ревизори утврдиле дека СДСМ користи имот за кој нема утврдено сопственост