еМагазин
Image default
Македонија

ДУИ ја поздрави одлуката за санкции на американскиот претседател Бајден

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја поздравува извршната наредба на претседателот Џо Бајден со која се предвидува замрзнување на имотот и забрана за влез во САД за сите оние кои го дестабилизираат Западниот Балкан, се вмешани во корупција и ги ризикуваат демократските институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои политичари се на последната црна листа на САД од Македонија

Како што се наведува во соопштението од ДУИ, за поздравување е фактот што меѓу оние кои ја
загрозуваат стабилноста на Западниот Балкан се етикетирани и вклучени и оние кои работат против Преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор кои всушност се и наши прогласени светско познати црвени линии.

-ДУИ целосно ја поддржува одлуката на САД, поточно нивната посветеност за унапредување на
отчетноста и борбата против корупцијата во Западниот Балкан, но и низ целиот свет.

ДУИ како одговорна партија во Република Северна Македонија ја поздравува одлуката на Белата Куќа за гарантирањето на безбедноста и политичката стабилност на Западниот Балкан, а посветеноста на администрацијата на

Бајден за унапредувањето на основните интереси во заштитата на демократските институции ДУИ ќе ја подржи и никогаш нема да се двоуми, се наведува во соопштението од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто Договорот со Бугарија не е потенциран во одлуката за санкции на американскиот претседател Бајден

Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 268 нови пациенти од корона вирусот, 105 од Скопје

Редакција

Во Собрание експресно изгласани измените на Кривичниот законик за помали казни за функционерите

Редакција

Втори јануари е работен ден за јавните здравствени установи

Редакција