еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Зошто Договорот со Бугарија не е потенциран во одлуката за санкции на американскиот претседател Бајден

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша Извршна наредба со која опфаќа и замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор и нивното спроведување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои политичари се на последната црна листа на САД од Македонија

Замрзнување на имот и забрана за влез во САД на тие што работат против Преспанскиот договор, нареди Бајден

“Станува збор за лица кои, се одговорни или се вклучени, директно или индиректно, во нарушување или во активност што го попречува или е закана за имплементацијата на кој било регионален безбедносен, мировен или договор за соработка или рамковен договор поврзан со Западен Балкан, вклучувајќи ги Договорот од Преспа од 2018 година, Охридскиот рамковен договор од 2001 година, Резолуцијата 1244 на ОН, Дејтонскиот договор, заклучоците на Совет за спроведување на мирот одржан во Лондон во декември 1995 година, вклучувајќи ги и одлуките или заклучоците на високиот претставник, Советот за спроведување на мирот или неговиот управен одбор, Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија или во однос на поранешна Југославија, Меѓународниот механизам за кривични трибунали“, се наведува меѓу другото во наредбата.

Наредбата предизвика различни реакции во Македонија и во регионот, а интересно е дека актуелниот Договор со Бугарија, кој Македонија го потпиша пред Преспанскиот договор не е потенциран во оваа наредба.

Дел од познавачите на состојбите во земјава во тоа видоа порака до Бугарија за блокадата на европскиот пат на Македонија, но она што е сигурно кога е во прашање политиката на САД по оваа прашање е дека тие бараат спорот двете страни да го решат билатерално, надвор од пристапниот процес со ЕУ, на што инсистира Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД повтори дека подржува решавање на спорот со Бугарија надвор од пристапниот процес со ЕУ

Администрацијата на претседателот на САД пред неколку дена воведе санкции за тројца контроверзни бугарски бизнисмени, поради нивно коруптивно дејствување во Бугарија.

Станува збор за избеганиот милијардер Васил Божков, за Делјан Пеевски, кој беше или уште е сопственик и на многу медиуми во Бугарија, како и за поранешниот функционер Илко Желјазков.

Во случајот на Божков, се вели и дека работел на пробивање руско влијание во Бугарија.

Со мерките се блокираат сите активи и сопственоста на тројцата во САД, а исто така им се забранува на државјани на САД да вршат трансакции со тројцата бизнисмени/функционери и да им даваат какви било средства, стоки или услуги.

„Овие дејствија се насочени кон Васил Божков, истакнат бугарски бизнисмен и олигарх, Делјан Пеевски, поранешен пратеник, Илко Желјазков, поранешен заменик-раководител на бугарската Државна агенција за технички операции (ДАТ), која беше формирана во Националното биро за контрола на посебните разузнавачки средства“, се вели во соопштението на Службата за контрола на странските активи (OFAC) при Министерството за финансии на САД.

Против Божков, Пеевски и Желјазков се наложени санкции со указот 138181, на основа на познатиот закон „Магнитски“ кој е насочен кон нарушителите на човековите права и против лицата одговорни за корупција од целиот свет.

Санкциите се однесуваат и на компаниите и организациите на тројцата бугарски магнати, коишто опфаќаат 64 организации и компании, а од нив 58 се поврзани со Божков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ за „црната листа“ на Бајден: Ние ја почитуваме и ќе ја почитуваме волјата на граѓаните

Апасиев се самопријави за „црната листа“ на американскиот претседател Бајден

За Заев наредбата на Бајден за санкции за непочитувачите на Преспанскиот и Охридскиот договор е сериозна порака на охрабрување и мотивација

Фото: Фејсбук/Бајден

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) По Османи, на Википедија навреди и за Ковачевски и Пендаровски: На премиерот му напишале и датум на смрт

Редакција

Кривична пријава и притвор за возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа кај обиколницата

Редакција

Досега од вакцината на „АстраЗенека“ се дадени над 15 милиони дози, голем дел од европските држави продолжуваат со вакцинација

Редакција