еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Дуна го скрати работното време за новите мајки

По четири часа ќе работат сите мајки по завршување на породилното отсуство поради бременост, раѓање и родителство. Скратеното работно време ќе го користат сите нови мајки по 12 месеци, иако ќе добиваат цел месечен надомест и ќе ги уживаат сите привилегии како да работат со полно работно време, информираат од Дуна.

Од менаџерскиот тим на Дуна, како семејно одговорна компанија, велат дека ваквата промена ќе вроди со плод и ќе биде полн погодок и за вработените и за компанијата.

„Оваа одлука се базира на светските истражувања и трендови и е потврда дека продуктивноста кај лицата кои работат со пократок број работни часови или помалку денови во неделата е многу зголемена.

На овој начин Дуна уште еднаш ја потврдува својата долгогодишна заложба за континуирано подобрување на условите за работа и верувањето во идејата дека само среќни вработени даваат дополнителен придонес во секојдневното работење.

Веќе трета деценија Дуна е водечка компанија, присутна во бизнис секојдневието во Македонија, со канцеларии во Албанија и Србија и бројни проекти во Косово. Дуна силно верува во општествено корисните акции кои се поддржани од компанијата и од нејзините вработени.

Во оваа насока, поддржуваме организации и проекти кои се развиваат, присутни сме во јавни установи за грижа за деца, спортски активности и заштита, но и постојано настојуваме да влијаеме на одржувањето на животната околина.

Денешната одлука е само една алка од позитивните мерки кои ќе ги преземеме во иднина за нашите вработени и за градењето позитивна работна атмосфера. Особено сме горди на сите насмевки што сме ги предизвикале низ сите овие години постоење, бидејќи смеата е омилениот звук во нашето секојдневно функционирање“, велат од менаџментот на Дуна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Зоки Поки“ ќе се гледа и во Србија на РТС

Редакција

Трето издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје од 31 октомври до 2 ноември

Редакција

Скопје добива два „легални ѕидови“ за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали

Редакција