еМагазин
Image default
Спорт

Два бронзени медали за каратистите на „Макпетрол“ од интернационалниот турнир „Кроација гранд при“

Викендов во Самобор, Загреб се одржа 29 по ред карате турнир „Кроација гранд при“, со пријавени рекордни 1.930 спортисти, од 268 клубови и 22 национални репрезентации.

Каратистите на „Макпетрол“ од Скопје, заминаа на овој турнир за да ја проверат својата форма непосредно пред настапот на Европското првенство кое треба да се одржи во првата недела на месец февруари, 2020 година во Будимпешта, Унгарија.

Медалите ги освоија Стефан Стојановиќ во категорија јуниори -76 кг и Марија Петровска во категорија јуниорки -48 кг.

Стефан Стојановиќ до медалот стигна со пет победи и еден пораз во полуфиналната борба.

Марија Петровска имаше одличен настап и таа се наметна како спортистка на која може да се смета дека на Европското првенство ќе се замеша во борбите за висок пласман или медал.

„Овој турнир е сигурно најмасовен и најквалитетен турнир за младите возрасни категории. Посебно се квалитетни составите во кадети, јуниори и постари јуниори.

Бидејќи ова е последна проба и контрола пред официјалното Европско првенство, кое треба да се одржи во Будимпешта Унгарија.

Затоа во Хрватска допатуваа 22 национални репрезентации со своите комплетни пошироки состави. Ние освоивме две бронзени медали и поради тоа сме секако задоволни. Од нашите спортисти исто така добри борби прикажаа и имаа по две победи репрезентативците: Абдурахим Идризи, Витомир Трајковски и Викторија Јовановска.

Сега ни преостанува последниве две недели да ги поправиме недостатоците кои ги согледавме и да им посакаме на младите репрезентативци да имаат добро претставување на Европското првенство„, изјави тренерот на „Макпетрол“, Бошко Заборски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 7 август во 2021 година

Редакција

Руските и белоруските спортисти ќе можат да учествуваат на Летните олимписки игри во Париз

Редакција

Сејдини не дозволил средба на фудбалерите со Заев, од ФФМ објаснија зошто

Редакција