еМагазин
Image default
Македонија

Двајца новозаболени од Ковид-19 во Велес, еден оздравен

Според информацијата од Центарот за јавно здравје, изминатото деноноќие во Велес се регистрирани двајца новозаболени од Ковид-19, соопшти градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Едното лице е од селото Горно Јаболчиште, а другото е од селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка. Со тоа бројката на заразени од Ковид-19 во Велес и велешко порасна на 156, од кои во моментов се активни 30 лица.

Освен во овие две села, досега имаше заболени и од селото Бузалково и од Чашка.

Од нив 14 се на домашно лекување, а 13 на Инфективното одделение при велешката Општа болница. Двајцата се на Инфективната клиника во Скопје, а еден во ГОБ „8 Септември“.

Како што информира за МИА портпаролот на Општата болница во Велес, Весна Неделковска Николова, денеска од велешката болницата бил пуштен еден излекуван пациент, а примена била пациентката од селото Долно Јаболчиште која е прв пациент од ова село.

Инаку од 13-те пацинти на Инфективното одделение при велешката Општа болница, еден пациент е ставен на кислородна поддршка.

Еден велешанец е во Државен карантин.

МИА/Фото: Општина Велес

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца новозаболени, двајца починати и еден оздравен пациент од Ковид 19 во кумановско

Девет новопочинати пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 210

Нови 193 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје дури 140

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: 17 починати од коронавирусот во Македонија, еден од починатите е од Косово

Редакција

Владата „крчка“ нов закон: УБК се реформира, ќе се основа Агенција за внатрешно разузнавање

Редакција

Пендаровски: Од политички причини повторно се негира македонскиот јазик, иако е одамна верификуван од светската лингвистичка наука

Редакција