еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 193 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје дури 140

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-140, Куманово-2, Дебар-1, Штип-6, Тетово-19, Струга-5, Велес-2, Охрид-11, Гостивар-4, Свети Николе-1, Ресен-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 4.482, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.469.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 2.137, активни 1.425, Куманово 653, активни 206, Дебар 62, активни 11, Штип 250, активни 202, Прилеп 229, активни 17, Тетово 459, активни 278, Струга 142, активни 63, Велес 156, активни 31, Битола 35, активни 8, Охрид 84, активни 65, Кавадарци 8, активни 3, Гостивар 73, активни 47, Гевгелија 8, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци), Струмица 9, активни 6, Крива Паланка 10, активни 4, Радовиш 4, активни 0, Крушево 5, активни 2, Кочани 55, активни 24, Пробиштип 11, активни 9, Демир Хисар 1, активни 0, Македонски Брод 3, активни 1, Пехчево 5, активни 2, Берово 2, активни 1, Валандово 5, активни 3, Виница 3, активни 0, Делчево 1, активни 0, Кратово 4, активни 2, Свети Николе 11, активни 10, Кичево 5, активни 3, Ресен 34, активни 33, Неготино 18, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

“Направените 1.391 тест се преку: Институт за јавно здравје –580, Центар за јавно здравје Скопје-24, Авицена –107, Биотек –142, Систина со PCR метода –91, МАНУ -149, Жан Митрев (Филип Втори) -262 и Судска медицина-36.

Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сите скопски општини скокнала бројката на новозаразени со корона вирусот, Чаир на врвот со 306

Убава вест: Оздравени 46 пациенти, вкупно до сега 1.803

Девет новопочинати пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 210

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште двајца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 97

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Шест починати од Ковид-19, кај сите регистриран коморбидитет

Редакција