еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца починати, 56 нови случаи на Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 529 тестови, а регистрирани се 56 нови случаи на Ковид-19.

Од новите случаи 36 се од Скопје, четири од Куманово, по тројца од Прилеп и Охрид, двајца од Битола и по еден случај во Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Неготино, Кратово, Крушево и Македонски Брод.

Регистрирани сe 69 оздравени пациенти од Скопје – 51, Куманово и Прилеп – по 4, Штип – 3, Битола и Тетово – по 2, Велес, Кратово и Крива Паланка – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица, од Кавадарци (76г) и Скопје (85г). Лицата се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16 до 25 септември 2022 година.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 343.319, бројот на оздравени пациенти е 333.343, на починати е 9.544, а бројот на активни случаи изнесува 432.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

Редакција

Хан од Виенскиот форум: Северна Македонија политички најстабилна во регионот и добра за инвестиции

Редакција

Во Македонија пристигна најсовремената терапија за лекување пациенти со Ковид-19

Редакција