еМагазин
Image default
Локално

Двајца повредени во пресметка со ножеви во Штип и Тетово

На 20.05.2020 полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.Е.(17) од Штип затоа што околу 14.30 часот на ул.„Радански пат“ во Штип со нож го нападнал С.М.(26) од Штип, при што му нанел повреди, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, против А.Е. ќе биде поднесена кривична пријава.

Истиот ден, во 15.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Радован Цониќ“, по претходно недоразбирање, Н.И.(39) од Тетово со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на левата рака на Ч.Л.(40) од Тетово.

Околу 17.55 часот Н.И. сам се пријавил  во Полициска станица Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најдено безживотно женско лице кај тетовскиот трговски центар

Редакција

Крадец фатен на дело во Скопје

Редакција

Малолетник и 21-годишник го убиле 14-годишното момче во Прилеп

Редакција