На 01.02.2020 околу 02.20 часот пред угостителски објект на ул.„Бранко Заревски“ во населба Драчево – Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода С.А.(48) и Г.В.(49), и двајцата од Скопје, поради физички напад и спречување на полициските службеници при преземање на службени дејствија, информира МВР.
Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Драчево и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветени поднесоци.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.