еМагазин
Image default
Локално

Возач побегнал откако удрил во петгодишно девојче

Петгодишно девојче од Пробиштип е повредено откако во неа удрило патничко возило марка „пежо“, со непознати регистарски ознаки, по што возилото го напуштило местото.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила вчера во 15.45 часот на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип.

„Во незгодата со повреди се здобило детето и било пренесено во Здравствен дом – Пробиштип за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Пробиштип“, информираат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален возен ред на ЈСП за Задушница: Денеска и утре повеќе автобуси

Редакција

Скопјанец и жител на Градско се „расправеле“ со шипка и пиштол кај Росоман

Редакција

МВР со детали: Кичевчанец „испрал“ милион евра

Редакција