еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Претседателот Стево Пендаровски се сретна со канадскиот премиер Џастин Трудо

Претседателот Стево Пендаровски кој ичествува на 56. Минхенска безбедносна конференција оствари средба со канадскиот премиер Џастин Трудо.

„Со канадскиот премиер Justin Trudeau разговаравме за релациите меѓу нашите две држави и општества изградени од бројните врски на нашите граѓани, како и соработката меѓу институциите. Канада е важен партнер за Северна Македонија, голем поддржувач на нашето членство во #НАТО, за кое ни понудија значајна помош во изминатите децении преку одбранбената соработка.“, напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил.

Предвидено е претседателот Пендаровски попладне да говори на тркалезната маса „Балкански дијалози“, на која е предвидено учество на Јосеп Борел Фонтелес, потпретседател на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Албин Курти, премиер на Република Косово, Еди Рама, премиер на Република Албанија, Александар Вучиќ, претседател на Република Србија и Екатерина Захариева, вицепремиер за правосудна реформа и министер за надворешни работи на Република Бугарија.

Од неговиот кабинет информираат дека Пендаровски во недела ќе се обрати на Минхенската безбедносна конференција и додаваат оти е предвидено за време на учеството на конференцијата да оствари повеќе средби со дел од учесниците на собирот.

На 56. Минхенска безбедносна конференција е најавено учество на над 500 лидери во областа на политиката, бизнисот, академската сфера, граѓанското општество, здравствени организации, вклучувајќи над 35 шефови на држави и влади и над 100 министри за надворешни работи и за одбрана.

„Меѓу најавените учесници на собирот се американскиот државен секретар Мајк Помпео, францускиот претседател Емануел Макрон, канадскиот премиер Џастин Трудо, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, членови на Европската комисија итн“, се наведува во соопштението.

Фото: Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Формирана Комисија: По 13 години, можност да се ревидира позитивната листа на лекови

Редакција

Вања била грабната на излегување од дома, во влезот на зградата ѝ биле врзани рацете и нозете

Редакција

Позициите на Бугарија остануваат непроменети, смета Димитров

Редакција