еМагазин
Image default
Македонија

Дванаесет новозаболени од Ковид-19 во Куманово

Центарот за јавно здравје во Куманово во последниве 24 часа евидентира 12 новозаболени лица од Ковид-19, сите од градот, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Оздравени се 11 пациенти.

„Новозаболените се контакти на веќе регистрираните случаи“, изјави директорот на Центарот за јавно здравје во Куманово, д-р Ариф Љатифи.

Извршени се 36 тестирања од кои 18 по „МојТермин“ и 18 епидемиолошки тестови.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Ковид дијагностицирани се 1.324, а во моментов активни се 302 случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 

Нови 118 случаи на Ковид-19, половина се од Скопје

Убава вест: 127 оздравени пациенти од Ковид-19

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Момче од Велес се заразило со Ковид-19 на летување во Охрид

МИА/Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот Пендаровски потпиша 21 закон на кои Иванов не стави потпис

Редакција

Од 1 февруари се планира враќање на администрацијата на работа во комплетен состав и со полно работно време

Редакција

Приведено 87-годишно лице за предизвикување пожар кај „Француски гробишта“ во Скопје

Редакција