еМагазин
Image default
Македонија

Момче од Велес се заразило со Ковид-19 на летување во Охрид

Во Велес во изминатите 24 часа регистрирани се двајца новозаболени со Ковид-19, соопштија од  Министерството за здравство, а според Институтот за јавно здравје има тројца оздравени пациенти.

Во Велес и Велешко моментално активни на Ковид-19 се 27 пациенти.

Како што информира за МИА, д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница еден од новорегистрираните заболени е 23 годишно момче, кое веќе лежело на Инфективното  одделение и чекало резултати од тест, а се заразило при летување во Охрид.

Таа информира дека двајцата од тројца оздравени се испишани како излечени од Инфективното одделение при велешката Општа болница, додека третиот излекуван бил на домашно лекување.

Инаку, на Инфективното одделение при велешката Општа болница моментално на лекување се 17 пациенти, од кои 15 се позитивни на Ковид-19, а двајца сомнителни на болеста биле примени денеска и чекаат да им биде земен брис, за да се провери нивната здравствена состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири нови случаи на Ковид-19 во Кавадарци, две лица се под 19 години

Нови 118 случаи на Ковид-19, половина се од Скопје

Од Ковид-19 починаа тројца пациенти, од Штип, Тетово и Струга

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски се уште не се пријавил во затворот „Скопје“, Судот прави обид за достава

Редакција

Мицкоски: Час поскоро на предвремени избори, без техничка влада и со една изборна единица

Редакција

Мијалков од затвор донесен на судење за „Трезор“

Редакција